СЦ „Борис Трајковски" почна со подготовка на содржините во комплексот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/20 10:04 AM

СЦ „Борис Трајковски” почна со подготовка на содржините во комплексот

Спортскиот центар „Борис Трајковски” соопшти дека во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на Ковид-19, почнал со подготовка на содржините во комплексот.

Се преземаат, како што се посочува, сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар.

Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот, секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро, стои во соопштението.

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7