ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/20 12:10 AM

Води љубов со партнерот а си замислува друг, дури 62 проценти од жените фантазираат во кревет

Повеќе од половината луѓе фантазираат за секс со некој друг, додека водат љубов со својот партнер, а  најчесто станува збор за некоја славна личност, покажа најновата британска студија на онлајн страната за запознавање saucydates.com. Но, она што е интересно, жените тоа го прават почесто, дури 62 проценти признале дека тоа редовно го прават, додека истото го прави 56 проценти од мажите.

Мислењето на некој друг среде акција со партнерот обично се случува за време на сексуалната рутина , која веќе здосадила, кое не е дирекно усмерено против партнерот, туку се се сведува на фантазија, пишува The Sun.  Жените признале дека фантазираат за филмските ѕвезди, како Даниеј Крег, Бред Пит, Џастин Бибер и Бредли Купер. Мажите, пак, ги споменале главните актерки во нивните фантазии, како Риана, Кејти Пери, Лејси Гага, Рита Ора, Џенифер Анистон..

И мажите и жените во студијата, која опфатила над 8.300 испитаници, признале дека во кревет си ги замислувале и поранешните партнери или пак некој со кој биле за една ноќ.

Женските фантазии обично се поеротични, па над 50 проценти од нив рекле дека во кревет со партнерот фантазираат за секс на плажа или во непозната хотелска соба, додека тоа го прави само 35 проценти од мажите.

Текст: 24sata.hr

Фото: 24astro.tv


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1