ММС

Објавено на: 05/5/20 1:00 PM

Сите очи вперени кон Меркел: Бундесот се враќа на 15 мај

Германската канцеларка Ангела Меркел во текот на утрешниот ден ќе ја соопшти веста за датумот на потенцијалното продолжување на фудбалската сезона во Германија. Според „Ројтерс“, 15-ти мај е денот кога топката повторно ќе се тркала по терените во Бундес Лигата.

Поради коронавирусот, фудбалот во Германија беше привремено суспендиран во средината на месец март, кога вирусот инфицираше повеќе од 150.000 луѓе во земјата, а повеќе од 6.000 се починати.

Интересно е тоа што сега фудбалски жедната Европа со нетрпение го очекува утрешниот ден, затоа што Бундесот е првата лига од топ пет фудбалските лиги во светот, кој има конкретен план за рестартирање на сезоната и прогресира во неговата реализација. На Бундесот му преостануваат уште девет натпревари за доигрување, Вердер Бремен и Ајнтрахт Франкфурт имаат дополнителен еден заостанат меч. До прекинувањето на сезоната, Баерн Минхен беше лидер на табелата со предност од четири бодови пред второпласираниот Борусија Дортмунд.

Големиот камбек на Бундесот беше доведен до прашање откако тројца фудбалери на Келн беа позитивни на тестот за Ковид-19, а напаѓачот на Херта, Саломон Калу, беше суспендиран од клубот поради игнорирање на препораките за социјална дистанца во тренинг камповите.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.