ММС

(видео)„Војводи“ и „Комити“ го прекинаа излагањето на Шекеринска пред медиумите

Навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ денес го прекинаа пресот на Министерската за одбрана Радмила Шекеринска која се подготвуваше да даде изјава по повод положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска се откажа од изјава за медиумите, откако голема група граѓани почна да скандира “Никогаш Северна, само Македонија”.

Шекеринска им рече на медиумите да се договорат за изјава накнадно, бидејќи тука имало луѓе кои дошле да бркаат политика.