ММС

Објавено на: 05/4/20 8:31 AM

Детска банда за време на пандемијата од автосалони во САД украла 46 луксузни автомобили

Од почетокот на пандемијата поради коронавирусот, група од 19 деца од девет до 16 години, организирани во банда, извршиле 20 одвоени грабежи во 13 автосалони во САД на „Ауди“, „Шевролет“, „Форд“, „Хонда“, „Субару“, „Тојота“ и на „Волво“. Од 18 март до крајот на април, украле 46 автомобили во вреднст од над еден милион долари, а 40 од возилата се пронајдени, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.

Младите арамии се малолетни, а и поради мерките за спречување на ширењето на Ковид-19 во затворите и притворските одделенија, уапсените деца нема да бидат во притвор, туку на судењето ќе излезат од домашен притвор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.