ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/20 9:08 AM

Од корона може да не штити само спреј, ниту вакцина, ниту маски, ниту дистанца

Во Меѓународниот центар за истражувања во Лион, Франција, работи научник, која по потекло е од Загреб, доктор Бранка Хорват е специјалист за имуновирусологија и во овој центар е директорка за одделот  за Имунобиологија на вирусни инфекции. Таа во интервју за „Вечерњи лист“ мегудругото  вели дека она на што работат во лабораторијата е обид да го спречат влезот на вирусот со  пептид. Не со вакцина, туку со привремена превенција на инфекција на респираторниот тракт.

„Засега  се чини дека ветува  лечењето на пациентот со респираторен синдром антитела специфични за рецептор интерлеукин 6 (Tocilizumab). Неодамна се објавени резултатите од една француска група која работеше на тоа, но на многу мал број пациенти. Кај повеќе од 80 проценти од случаите не треба да се работи ништо, болеста сама од себе проаѓа, објаснила лекарката.

Според неа само кај малку луѓе се јавува хиперинфламација,  и треба да се третира одговорот на организмот на вирусот а не на самиот вирус. Во лабораторијата  се обидуваат да го спречат влегувањето на вирусот со пептид. Не со вакцина, туку со привремено спречување на  инфекцијата на респираторниот тракт.

“Идеата е кога човекот ќе стане наутро, по миење на забите, да земе  пептид со спреј, па така ќе остане заштитен од инфекција цел ден.  Тоа е антивирусна превенција,што сега се обидуваме да ја развиеме. Ако се  покаже ефикасна нема да ни требаат ниту маски, ниту социјална дистанца, рекла доктор Хорват.

Таа вели дека превентивниот пристап со пептид  прилично добро го развиле за вирусот на сипаници, но и за вирусот нипах, нов вирус што се појавил пред дваесет години.  Тој вирус исто така потекнувал од лилјаци, и е далеку поопасен од САРС, бидејќи по инфекцијата на човекот предизвикува смртност до 90 проценти.

Извор и фото: vecernji.hr

Што е пептид?

Пептид е азотно органско соединение кое се состои од аминокиселински мономерни единици. Пептидите настануваат кога две или повеќе аминокиселини се поврзуваат по пат на полимеризација. Врските кои се создаваат помеѓу одделните аминокиселини во пептидот се нарекуваат пептидни или амидни врски. Тие се создаваат меѓу аминогрупата од едната и карбоксилната група од другата аминокиселина. Пептидите со над 100 мономери се наречени белковини. Не постои остра граница помеѓу пептидите и белковините според бројот на нивните аминокиселински единици. Некои долги пептиди како бета амилоид може да се сметаат за протеини, додека пак кратки протеини како инсулинот може да се сметаат за пептиди.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1