ММС

Објавено на: 05/3/20 2:06 PM

Монструм: Намерно обесил верверичка на дрво во Соње, му ги јадела оревите

Попладнево на социјалните мрежи беа објавени вознемирувачки фотографии направени во Соње, крај Скопје. На сликата се гледа сека непознат „човек“  обесил верверичка на  дрво, бидејќи му ги јадела оревите.

Се претпоставува кој е сторителот на ова дело, бидејќи локалното население вели дека го знаат, живеел во близина.

-Фотографијата е направена во Соње, во населбата Млака, улица 9. Намерно обесена верверичка,  бидејќи верверичките им ги јаделе оревите, се вели во објавата на Фејсбук.

Активистите за заштита на животните го нарекуваат “Ѕверство” овој свиреп чин и повикуваат на одговорност на сторителот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.