ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/30/20 5:56 PM

Три дена кријте дека сум умрел, била последната желба на големиот актер Павле Вујисиќ, на чиј погреб присуствувала само жена му

Легендарниот актер Павле Вујисиќ беше специфичен човек. Покрај  талентот за глума тој исто така пишуваше и песни.  Големиот актер е роден на 10. јули 1926. година, а почина пред 32 години, на први октомври 1988. Дека легендите не умираат доказ е тоа што многу од неговите филмови  и серии каде ја имаше главната улога се уште се гледани, особено хумористичната серија „Камионџии“, каде неговиот и талентот на Чкаља се на врвот.

Често пишуваше за смртта, како да ја чекаше, како да и се надеваше.  Не сакал никој да присуствува на неговиот погреб, освен неговата сопруга, а во последната верзија на неговиот тестамент пишува:

– Молам  моето заминување од овој свет да се објави три дена после погребот.

Сакаше да умре нечујно, неговата смрт да не биде вест. Никој да не го слави животот кој тој го сакаше.  Сопругата ја испочитувала неговата желба и  на погребот немало никој, само неговата Мирјана. Немало некролог, немало ни слика. Имало еден поп кој го повикала сопругата и на кој не му кажала кој е покојникот..

– Само реков дека се вика  Павле… – рекла неговата сопруга.

Тој не верувал во Господ. Попот бил тука за инат, каков што и тој поголем дел од животот го живеел.

Павле  беше човек од посебен вид. Слободното време го поминувал на реката Сава, далекуод сите, никогаш не го кажувал текстот како е напишан, не прифаќал губење време и својата работа ја наплатувал веднаш.  Беше актер од најширок дијапазон, без одреден фах, кој можеше подеднакви да игра улоги кои одговараат на неговата стабилна и нежна природа.

Извор: pulsonline.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1