ММС

Не ги перете фармерките туку замрзнете ги, советуваат стручњаците за џинс

Ако некој во светот знае како треба да се однесуваме кон фармерките, тогаш тоа се стручњаците од „Левис“, култниот американски бренд основан пред 161 година. „Левис“ можеби не е тоа што беше во 80тите или 90тите години, но и понатаму е авторитет во светот на џинсот.

Чип Берг, еден од главните во „Левис“ неодамна ги изненади новинарите откривајќи им дека фармерките во кои држел говор на конференцијата  „Brainstorm Green“ не се испрани цела година.

“Ова се едни од моите најомилени фармерки. Стари се една година и се уште не се имаат запознаено с машината за перење.  Знам дека тоа некому ќе му звучи одвратно, но верувајте ми… Има смисол “, изјавил Берг. Тој смета дека фармерките воопшто не треба да се перат во машина за перење.

Модераторот на разговорот  му поставил на Берг старо прашање – колку често би требало да се перат фармерките.

“Не баш често. Ако ги праашувате вистинските љубителина фармерките, тие ќе ви кажат  дека речиси никогаш не ги преат своите фармерки”, одговорил тој.

Интересно е што минатата година славниот дизајнер на „Томи Хилфингер“ се сложи со оваа теза. Во разговор за ТМЗ, Томи признал дека никогаш не ги пере своите фармерки, бидејќи го сака „тој мирис на носен џинс“.

Стручњаците од компанијата „Левис“ претходно сугерирале  дека место перење подобро е фармерките да ги замрзнувате еднаш месечно.

Извор: cromoda.com