ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/28/20 9:30 AM

Девет милијарди евра од германската Влада за „Луфтханза“

Германската Влада одлучила да ја помогне националната авиокомпанија „Луфтханза“ со дури девет милијарди евра.

Според „Бизнис инсајдер“, кој се повикува на извори од компанијата, државата со тие пари ќе добие и малцински пакет во компанијата со право на блокирање одлуки. Државата ќе добие и два мандата во надзорниот одбор на компанијата.

На тоа се договориле претставници на Владата и на „Луфтханза“ синоќа. Првиот човек на „Луфтханза“, министерот за финансии и канцеларката Меркел тој договор требало само формално да го потврдат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7