ММС

Кралот Филип во неа се вљубил на прв поглед- кралицата Летиција е совршена модна икона

По професија е новинарка, мајка на две прубави девојчиња и жена на шпанскиот крал Филип –  кралицата Летиција е една од најубаво облечените жени на светот, така тврдат модните стручњаци.

Нејзиниот стил  е елегантен, но во исто време и многу привлечен и секси. Сите парчиња од нејзината гардероба се одбрани внимателно. Никогаш на себе нема премногу детали и се води по она-малку е многу.

Нејзин веќе препознатлив стил се високите потпетици, едноставни тесни фустани, главно еднобојни кои ги носи на официјални средби. На неофицијалните средби, во релксирана атмосфера , Летиција  носи панталони  и свилени блузи или здолништа со одмерен принт и свилена блуза. Препозатливи се нејзините капути од кожа од  камила во неутрални бои, софистицирани и со стил, а ги комбинира со класичен крој панталони и салонки со високи потпетици. Боите секогаш се усогласени до перфекција.

Додека одмара со семејството Летиција носи едноставни бели ленени парчиња, фустани или комбинезони со рамни бели патики или еднобојни сандали.

Сте комбинации на шпанската кралица се без грешка  и секогаш е облечена адекватно на приликата и со сопствен печат.  Покрај убавата гардероба Летиција е и природно убава жена, полна со шарм и позитивна енергија со која зрачи. Затоа и не е чудно што принцот Филип во неа се вљубил на прв поглед.

Текст и фото: kurir.rs