Владата на Саудиска Арабија потврди дека од Кина ќе купи медицински материјал за дијагностицирање на Ковид-19 вреден 265,3 милиони долари.
Со договорот, како што објавива саудиската новинска агенција СПА, е предвидено Кина на Саудиска Арабија да ѝ испрати девет милиони тестни комплети, како и друг медицински материјал. Исто така, ќе изгради шест лаборатории од кои една ќе биде мобилна и ќе биде во можност да извршува 10.000 тестови дневно. Договорено е и да се испрати група од 500 експерти и техничари кои ќе ги работат тестовите но и ќе ги обучуваат здравствените работници на Саудиска Арабија.
Во Саудиска Арабија, со Ковид-19 досега се заразени 17.522 лица, а починале 139.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.