ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/25/20 5:36 PM

(ВИДЕО) Маестрална изведба на „Чукни во дрво“ со Влатко Стефановски и 20 музичари со мандолински оркестар

Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски артисти, меѓу кои: Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од „Љубојна“, Влатко Лозановски, Пере од „Нокаут“, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“.

Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и  верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов.

Погледнете го видеото:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1