ММС

Објавено на: 04/25/20 5:24 PM

Богатсвото на Кајние Вест „Форбс“ го процени на 1,3 милијарди долари

Раперот Кајние Вест и неговата сопруга реалити ѕвездата Ким Кардашијан официјално е прогласен за милијардер, соопштува магазиннот „Форбс“.

„Форбс“ богатството на раперот го проценува на 1,3 милијарди долари , а богатството го стекнал со продажба на својата марка на патики во соработка со компанијата „Адидас“, кои се меѓу најпродаваните патки во светот чија цена достигнува дури 200 долари.

Музиката на Вест е само релативно мал дел од вкупното богатство, иако е еден од најпродаваните уметници во последните 20 години. Неговата музичка куќа „Good Music“ и правата на неговата дискографија „Форбс“ ја проценил на најмалку 90 милиони долари. Поголем дел од остатокот на финансиската вредност раперот ја има во имотот – точно 81 милион долари во недвижен имот и 21 милион долари во земјиште. Уметникот има 17 милиони долари во готовина и 35 милиони долари во акции.

Раперот во последните години беше дел од насловните страници поради различни скандали, вклучувајќи ја и јавната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп, кој не е омилена политичка фигура меѓу Афроамериканците.

Вест е втор американски рапер на кому му тргна од рака да се најде на оваа престижна листа, а првиот кој се најде неговиот колега Џеј Зи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.