ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/25/20 7:49 AM

„Никој не смее да ве тепа“, со оваа реченица почнаа подемот на Милошевиќ и падот на Титова Југославија

Милошебиќ во текот на посетата на Косово Поле пред точно 33 години го одржа говорот што ја одбележа неговата политичка и државничка кариера. Тогашниот претседател на ЦК СК на Србија, а потоа и последен претседател на Србија и на Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ, во текот на посетата на Косово и Метохија пред Србите ја изрече познатата реченица „Никој не смее да ве тепа“, пишуваат српски медиуми.

Тогашниот претседател на Претседателството на Србија, Иван Стамболиќ, го испрати тогаш Милошвиќ на Косово за да се обиде да го смири тамошниот српски народ. Милошевиќ, тогаш политичар во подем, на 24 април 1987 година стигна во Косово Поле.

Од една страна илјадници Срби измачени од тензијата на Косово се туркаше околу Милошевиќ обидувајќи се да се ракуваат со него, кој минуваше низ масата. Исплашена од насилство, косовската полиција, која претежно ја сочинуваа Албанци, користеше палки за да ја оддалечи масата и да држи контрола над ситуацијата. Демонстрантите им возвраќаа: „Убијци“ и „Ние сме Титови, Тито е наш“.

Откако Милошевиќ и’ се обрати на масата, ситуацијата стана уште полоша. Демонстрантите сакаа да пријдат поблиску, а милицијата сакаше да ги потисне. Милошевиќ упати неколку зборови за смирување, на што еден демонстрант му довикна: „Но, не’ тепаат, не ’ тепаат“.

Токму тогаш Милошевиќ ја изговара реченицата „Нико не смее да ве тепа“, потсетува српски „Телеграф“ на зборовите на Милошевиќ, на кои уште многумина од поранешните простори на СФРЈ се сќаваат.

Само неколку месеци по Косово Поле, Милошевиќ на Осмата седница на ЦК СК на Србија го победи својот ментор Иван Стамболиќ. Стана прв избран претседател на Србија во декември 1990, Сојузот на комунистите се распадна, пропадна и Југославија.

Освен војните при распаѓањето на СФРЈ, во текот на владеењето на Милошевиќ се случиј и бомбардирањето на СР Југославија во 1999 од НАТО. Периодот на владењето на Милошевиќ заврши во октомври 2000 година. Меѓународниот суд во Хаг во 1999 година поведе обвинение против него, а беше уапсен во 2001. Милошевиќ почина од инфаркт во 2006 во притвор во Трибуналот во Хаг.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7