ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/24/20 8:08 AM

Утрински вежби за дома за физичко и ментално здравје

Доколку поради пандемијата не излегувате од дома, или помалку се движите, не одите во теретана или на пилатес, тоа е многу лошо за вашето тело, бидејки физичката активност го одржува. Важно е да останете во форма  поради физичкото и менталното здравје, потребно е шетање барем 10 минути.  На здравите луѓе од 18 до 65 години им е потребно најмалку два часа  физичка активност, како што е пешачењето или час и половина вежбање за да останат во форма, пренесува “Дејли мејл”.

Недостатокот од физичка активност придонесува за болка во грбот, дебелеење и проблем со несоница, предупредуваат стручњаците. Ако ги бирате вежбите од Јутјуб, тогаш фитнес тренерите велат дека треба да бидете внимателн и да ги прилагодите на вашите способности и желби.  Најважно од се е доволно да се спие и здраво да се храни за да се одржите во форма и секако тоа да го искомбинирате со редовна физичка активност.

Фитнес инструкторите предлагаат едноставен сет на вежби кои може секој да ги направи, без посебна опрема и траат само 15 минути. Направете 10 стомачни, потоа 10 склекови, па 10 чучнувања. Потоа една минута пауза па повторно од почеток се додека не поминат 15 минути.

Извор: mondo.rs

Фото: lavie.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1