ММС

Објавено на: 04/23/20 12:17 PM

Поставени автоматски апарати за дезинфекција на влезовите во Дебар

Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, продолжува со напорите за спречување на проширувањето на коронавирусот.

Една од тие активности е и поставувањето два автоматски апарата за дезинфекција, донација на дебранец кој живее во САД.

– По повлекувањето на контролните полициски пунктови и единиците за дезинфекција, кои функционираа за време на кризната состојба, апаратите кои работат со сензор беа  неопходно потребни, поради големата фрекфенција на возила. Сето тоа беше овозможено со донацијата на нашиот сограѓанин Емин Љата,кој живее во САД, за што сме многу благодарни, велат од штабот.

Едниот од апаратите е поставен кај Мелнички Мост, на регионалниот пат Маврово-Дебар, додека другиот кај Хидроелектраната „Шпилје” на патот  Струга – Дебар.

Ова не е единствена донација на дебрани во САД. Освен татковинското друштво „Дибра”, многу поединци имаат донирано финасиски средства со кои се врши набавка на прехрамбени и други артикли за најзагросената категорија граѓани.

Исто така со пари донирани од нашинците во САД, во дебарското муфтиство, подмирени се долговите што најмалку стотина семејства ги направиле во дебарските аптеки.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.