ММС

Објавено на: 04/23/20 12:14 PM

Судбина: Братот близнак му починал пред 100 години од шпански грип, а тој сега од корона

Сто и едногодишен американски ветеран од Втората светска војна почина од коронавирус на точно сто години откако неговиот брат-близнак му починал од пандемијата на шпански грип, пренесуваат американски медиуми. Филип Кан почина на 17 април од симптоми на коронавирус. Со војската на САД во Втората светска војна се борел и во познатата битка за јапонскиот остров Иво Џима.

Тој и Самуел, неговиот брат-близнак, се родени во 1919 година. Самуел следната година починал од шпански грип, пандемија која тогаш убила речиси 50 милиони и заразила околу 500 милиони луѓе.

Внукот на Филип, Ворен, за СНН рекол дека дедо му секогаш се плашел од некоја нова пандемија, но, за жал, тоа не му помогнало, пренесува АФП.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1