ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/22/20 7:47 PM

Додека не бев дома, дечко ми се ожени- шок беше пукањето на врската на актерите Били и Лора, кои се разделија поради Анџелина Џоли

Анџелина Џоли  уште од првите чекори во Холивуд привлече внимание на медиумите, како поради приватниот живот така и поради несекојдневната убавина.  Таа била во врски и со мажи и со жени,  се мажеше три пати, па и покрај бурната врска и брак  со Бред Пит до денес најконтраверзна остана нејзината љубов со Били Боб Торнтон.

Се венчаа во Лас Вегас во 2000 година, само два месеци откако ја почнаа врската а шокот беше што тој беше свршен со друга. Тие се запознале на сет на филмот „Се е под контрола“, додека Џоли беше во врска со актерот Тимоти Хатон, а Били Боб со актерката Лора Дерн.

Американските медиуми пишуваа, а подоцна и самата Џоли изјави дека Лора била шокирана од веста дека нејзиниот свршеник се оженил со помлада колешка, а не се ни потрудил да раскине со неа.

-Заминав од дома да работам на филм, а додека не сум била дома, мојот дечко се ожени и никогаш повеќе не се слушнавме. Тоа е како ненадејна смрт. За никого немаше ниту крај ниту објаснување , открила во едно интервју Дерн а пренесува  Glossy.

Торнтон  за овој скандал прозборе во 2001 година во разговор за Guardian

– Други би можеле да речат: ” Ја остави девојката и ожени некоја друга”. Но, тоа мене ме усреќи и усреќи некој друг. Жал ми е што предизвика болка.

Анџелина и Торнтон во 2002. година најавија дека ќе усвојат дете од Камбоџа, но се разделија три месеци подоцна. Џоли тогаш рече дека одеднаш сфатиле дека и двајцата се смениле  а актерот во една прилика рекол дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за својата сопруга.

Фото: hellomagazine.com/pinterest.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1