Индија ги тероризира странците, ова е лов на белци, манекенката Тања Дукиќ заробена во Мумбаи, моли да се врати во Србија
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/22/20 12:18 PM

Индија ги тероризира странците, ова е лов на белци, манекенката Тања Дукиќ заробена во Мумбаи, моли да се врати во Србија

Српската манекенка и модел Тања Дукиќ не ни претчувствувала дека нејзиното патување во Индија ќе се претвори во хорор филм. Откако извесно време поминала на западниот брг на Индија, се вратила во Мубаи, каде ја дочела застрашувачка состојба. Целосна блокада на градот, малтретирање од полицијата и страв да не се разболи од вирусот во странска туѓа држава.

– Во моментов се наѓам во Мумбаи со уште 50тина туристи од Србија. Требаше да не евакуираат пред два месеци а мене секој ден ми поминува низ глава што ќе се случи ако се разболам, бидејки состојбата во нивните болници е ужасна. Многу се ригорозни кон странците, не дај Боже да те видат надвор од дома, веднаш те водат во карантин, бидејки сметаат дека ние странците им го пренесуваме вирусот, вели манекенката.

Таа често одела во Индија, но сега моментот и го расипала пандемијата.

-Полицијата малтретира и тепа луѓе на улица. Не сум излегла од станот 30 дена, бидејќи се плашам. Се претпоставува дека целодневниот полициски час ќе биде продолжен и во текот на мај.  Храна нарачувам ама станот не го напуштам бидејќи не сакам да ризикувам. Уште на почетокот на заразата оваа состојба беше „лов на белци“. Многумина се протерани од хотелите, а на оние кои останаа постојано им мереа температура и ги проверуваа. Ужасни се кон белците. Има недостаток на храна, работат само неколку маркети а внатрешните летови се забранети до први јуни. Државата изгледа како место на духови. Дури и тигри им се шетаат по улица, бидејки нема жива душа.  Премиерот на Индија,  Нарендра Моди прогласи вонредна состојба и сите во државата го слушаат, изјавила манекенката.

Фото и текст: alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7