ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/6/18 8:51 AM

Потврдено: МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во АБА2-лигата

МЗТ Скопје Аеродром и наредната сезона ќе се натпреварува во регионалната кошаркарска конкуренција, но за разлика од изминатите шест години, клубот во новата сезона ќе биде дел од АБА2-лигата. Клубот оваа информација ја потврди на својата официјална интернет страница.

„Ова за нас ќе биде ново искуство со оглед што досега бевме дел од најсилната конкуренција во ова натпреварување, но тоа нема да го намали ентузијазмот и желбата за надигрување на сите во таборот на нашиот клуб. И во следната сезона против себе ќе имаме реномирани екипи, меѓу кои ќе бидат и поранешни европски прваци како Сплит и Босна, што сигурно ќе бидат дуели примамливи за гледање како за нашите навивачи и симпатизери така и за неутрални спортски вљубеници кај нас. Средбите во АБА2-лигата воедно ќе бидат и шанса за стекнување искуство на помладите македонски кошаркари во нашиот тим, кои се надеваме дека ќе ги имаме во солиден број во следната сезона. Секако, амбициите ќе ни бидат еднакви на реномето кое МЗТ Скопје Аеродром го ужива на просторот на поранешна СФР Југославија“, соопштија од Клубот.

МЗТ само преку АБА2-лигата може повоторно да се врати меѓу елитното регионално друштво. За да се случи такво нешто клубот од Аеродром ќе треба да биде најдобра во АБА2-лигата во сезоната 2018/2019.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1