ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/22/20 10:25 AM

(ВИДЕО) Зборувам тешко, се смеам како пират, Вал Килмер веќе пет години се бори со рак на грлото

Холивудскиот актер Вал Килмер вчера во емисија отворено прозборе за својата здравствена состојба а за борбата со рак на грло, која му е дијагностицирана пред пет години.

Тој кажа дека се чувствува многу подобро , отколку што прогнозирале, но вели дека му пречи што засекогаш ја изгубил бојата на гласот, сега зборува отежнато, и вели, се смее како пират.

Килмер се занимава со сликарство, а минатата година се врати на актерството, кога учествуваше во низа проекти, меѓу кои и продолжението на „Топ Ган“, заедно со Том Круз.

Тој глумеше во првиот дел на култниот филм „Топ Ган“, а ја имаше улогата на Ајсмен, кој беше конкуренција на главниот лик Маверик.

Погледнете го интервјуто:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1