ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/21/20 1:03 PM

Нето-платата во февруари 27.206 денари

– Просечната месечна исплатена нето плата по работник во февруари годинава изнесува 27.206  денари и бележи раст од 12,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државиот завод за статитика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности за 20,1 отсто, уметност, забава и рекреација за 19,3 отсто и преработувачка индустрија за 17,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во финансиските дејности и дејности на осигурување за 14,9 отсто, рударство и вадење камен за 12,8 отсто и транспорт и складирање за 11 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2020 година изнесува 40.588 денари.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1