ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/19/20 8:03 PM

Роа: Не прифатив понуда за „Манчестер јунајтед“ зошто мислев дека доаѓа крај на светот

Аргентинскиот голман Карлос Роа пред 21 година  добил понуда од соништата, да го наследи легендарниот Данец, Петер Шмајхел на голот на англискиот великан Манчестер јунајтед, но од најбизарна и најглупава можна причина – одбил.

Роа во 1999 година ја добил понудата од легендарниот сер Алекс Фергусон, откако имал извонредни настапи за Мајорка. Но, наместо на „Олд Трафорд“, Роа една година подоцна заминал во пензија, зашто бил убеден дека во 2000 година, односно со почетокот на новиот милениум, доаѓа крајот на светот.

„Во тоа време бев посветен на изучување на верата и на Библијата. Беше тоа тешка одлука, ама имав поддршка од семејството. Верував дека доаѓа крајот на светот. Клубот сакаше да ме продаде, веруваа дека од мене ќе заработат многу пари. Но, јас и денеска мислам дека донесов исправна одлука. Јас се повлеков во најдобрите моменти од кариерата“, вели Роа.

Извор: sport1.mk

Фото:championat.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7