ММС

Траги од корона вирус најдени во водата за миење улици во Париз

„Мали траги“ на Ковид-19 се откриени во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, со која ги чистат улиците, но градските власти информираат  „нема ризици за водата за пиење“.

Во последниве 24 часа лабораторијата на главната режија за вода на градот Париз откри присуство на незначителни траги од вирусот и тоа на четири од 27 места каде се земаат примероци за тестирање.

Пронаоѓањето на траги од вирусот веднаш ја наведе општината итно да го прекине користењето на водата, како мерка на претпазливост. Но, француските медуми информираат дека од општината тврделе дека водата за пиење е во друга мрежа, што е целосно независна, и во неа нема траги од вирусот и дека  може да се консумира без ризици.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.