ММС

Објавено на: 04/19/20 7:36 PM

Собрани 127 милиони долари од виртуелниот концерт на Лејди Гага

Виртуелениот концерт од дома, насловен како „Еден свет: Заедно дома“, во организизација на музичката ѕвезда Лејди Гага, собра 127 милиони долари, а оваа сума  ќе биде донирана за поддршка на здравствените работници кои се борат против коронавирусот. Глобалниот хуманитарен концерт, имаше за цел да ја подигне свеста и финансиски да ја помогне  глобалната борба против КОВИД-19.

Организацијата „Глобален граѓанин“ и Светската здравствена организација го поддржаа настанот и се здружија со познати личности. Освен Лејди Гага дел од овој настан беа многу светски ѕвезди,  како Андреа Бочели, Били Ајлиш, , Бурна Бој, Крис Мартин, Дејвид Бекам, Елтон Џон, Аланис Морисет,  ФИНЕНЕС, Идрис и Сабрина Елба, Џеј Балвин, Џон Леџенд ,Били Џо Амстронг од „Green Day“, Еди Ведер Даѕ и многу други.

Фото: capitalfm.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.