ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/5/18 10:47 AM

8 најшармантни градови на Тоскана

Секако дека во Фиренца се наоѓаат најголемите светски уметнички музеи во кои се наоѓаат ренесансните ремек дела, средновековни цркви, можност за шопинг и многубројни фантастични ресторани. Доколку навистина сакате да ја запознаете и сфатите Тоскана мора да излезете од комфортната зона на градот и да ги истражувате селата и помалите градови.

Сиена

Многу блиску до Фиренца се наоѓа Сиена, средновековниот град со шармантни лавиринти кои водат до главниот плоштад Пјаца дел Кампо. Обликуван како полукруг, плоштадот има гигантски амфитеатар кој е опкружен со ресторани и барови. Мора да ја посетите катедралата Romanesque Gothic во Сиена на која можете да се искачите или да уживате во спектакуларната ренесанса уметност.

Монтајоне

Ова место се наоѓа во округот на Фиренца во областа на Тоскана, на ридот од каде што се овозможува поглед на долината и руралното село, кое е најистакнатиот тоскански град. Овде растат маслинки од кои мештаните го произведуваат домашното маслиново масло.

Пиенца

Пиенца е мал град во средна Италија, а познат е како добро сочуван средновековен град во едниственото тосканско опкружување. Тој е посебно познат по централниот плоштад како единствена ренесансна урбанистичка композиција, па денес градот е под заштита на УНЕСКО.

Пунта Ала

Тоскана не е целина само од ридови и лозови насади, таа исто така има и преубаво крајбрежје. Пунта Ала е совршено место за одмор во областа Ла Марема. Местото изгледа како од бајките и ќе Ве воодушеви едноставната убавина која ја поседува. Камени пејзажи, песочни плажи и борова шума, ова место е омилено помеѓу Италијанците.

Лука

Ова е најголемиот град во истоимената област Лука. Иако е помалку познат од Фиренца, овој град беше главниот град на Тоскана сè до 10 век. Славниот композитор Џаокомо Пучини е роден овде и сè уште можете да ја слушнете неговата музика за време на годишниот фестивал кој му е посветен токму нему, а концертите се случуваат секоја вечер од март до ноември.

Сан Џимињано

Сан Џимињано е средновековен град во средна Италија во провинцијата Сиена во склоп на покраината Тоскана. Кривата кула во Пиза е можеби позната, но Сан Џимињано е препознатлив по неверојатната збирка на средновековни кули. Од 72 кули кои некогаш постоеле, уште 14 се недопрени, а тие заедно креираат слика на средновековни облакодери.

Волтера


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1