ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/5/18 10:38 AM

Бил Клинтон: Се извинувам на Моника Левински и го поддржувам Me Too

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон (1993 – 2001 година) се извини на Моника Левински и изјави дека го поддржува движењето Me Too.

Во 90-тите тој имаше врска со стажантката поради која едвај не се раздели со функцијата.

„Се извинив на моето семејство, на Моника Левински и нејзиното семејство, на американскиот народ, пред комисија во Белата куќа, што беше широко рефлектирано. Постојано живеев со тоа. И мислам дека движењето Me Too е задоцнето“, изјави Клинтон.

Тој зборуваше на претставување на нова книга, напишана заедно со авторот на бестселери Џејмс Патерсон. Трилерот „Претседателот исчезна“ раскажува за шеф на државата, кој исчезнува додека се обидувал да спречи апокалиптичен сајбер напад.

Романот ја предводи листата на бестселери на „Амазон“ уште пред да биде пуштен во продажба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1