ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/16/20 9:13 PM

Трговците обврзани да обезбедат редарска служба на влезот и во објектите

Владата на денешната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.
Согласно Уредбата, трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.
-Уредбата определува дека трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот, наведува владината прес-служба.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7