ММС

Објавено на: 04/15/20 10:24 PM

Додека светот се бори за живот, некој не знае што да прави со парите. Развратна забава на богаташи и манекенки на Бали, жителите им порачале-одете си дома

На најпосакуваната летна дестинација, Бали, во луксузна вила богатиот пилот од,  Махмуд Атиј, за својот 21-ви роденден организирал забава и тоа во ек на пандемија на коронавирус. И покрај забраните на забавата имало голем број луѓе, кои свои видеа и фотографии споделија на социјалните мрежи.  Забавата  се одржала во градот Крит а гости  биле многубројни британски инфлуенсери и две руски манекенки, Ксениа Алдошенко и Ксениа Доркова. „Дејли Меил“, кој ја објави богатата луда журка пишува и дека  никој од нив не се придржувал на правилата за дистанца од два метри.

Дека им е сеедно што се случува покажува и коментарот под фотографиите- „Па не се криеме…“.

„Доколку не знаете да се однесувате како што треба тогаш вратете се во вашата земја“ – им порачале луѓето, бесни на нивниот разврат.

Индонезија официјално не забрани јавни собири, но на жителите им било советувано да останат дома и да избегнуваат поголеми собири. Жителите на Индонезија велат дека нивното однесување е срамно, нарекувајќи ги ковид идоти и повикувајќи на нивно депортирање.

Меѓу  гостите на  луксузната забава  бил и инфлуенсерот од Манчестер, Тајрон Хермит кој подоцна јавно се извинил поради своето однесување.

„Тоа не беше моја забава, се извинувам што појдов. Не знаев дека ќе има толку многу луѓе, но на снимките изгледа покритично отколку што беше. Ги почитувам жителите на Бали, ќе донирам пари за да им помогнам на сите оние кои што останаа без работа и на кои што им треба помош“ –  рекол тој.

Јавно се извинил и славеникот:

„Жал ми е поради неволјата која што ја предизвикав. Повикав неколку луѓе, но се појавија многу повеќе од нив, по што го откажавме диџејот и сите заминавме. Ги почитувам препораките на владата и нивните напори да го запрат ширењето на коронавирусот“ – рекол пилотот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1