ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/15/20 6:08 AM

Колку чекори дневно се потребни за здрав и подолг живот?

За да си ги зголемите шансите за подолг живот потребно е движење, но тоа не мора да значи дека треба да се измачувате, напротив доволно е минимум 8.000 чекори дневно да изодите,  се вели во  новото истражување од Центарот за превенција и контрола на заразни болести, Националниот институт за старост и Националниот институт за Рак на САД, објавено неодамна на ЈАМА.

Луѓето кои во просек одат 4.000 чекори дневно а тоа се три километри, имате 50% поголеми шанси да починат во наредните 10 години, но ако пешачете уште повеќе, до 12.000 чекори дневно (или 9 километри) – и вашата шанса да починете во наредните 10 години ќе биде уште пониска, за 65%,  од оние што изодуваат 4.000 чекори.

Во оваа студија учествувале  4.840 учесници од САД на средна возраст,на околу  56. Тие од  2003 до 2006 година носеле уред, наречен акцелометар, кој се става на колкот и собира податоци за движењето, односно бројот на чекори кои го реализирале, а биле следени 10 години.За овие 10 години 1,165 од нив починале, а било регистрирано дека пешачеле три  или помалку километри дневно.

Во оваа истражување не бил важен полот, возраста, етничката припадност или раса, туку само оние кои пешачат повеќе, токму тие имале помали шанси да умрат.  Притоа не било важно дали ќе брзате или ќе одите побавно, туку најбитно било колку чекори ќе остварите во текот на денот.

Ова дава уште поголема поткрепа на тврдењето дека е многу важно да бидете физички активни. Во оваа состојба на корона вирус кога препораките се да седиме дома не значи дека тоа не можеме да го оствариме. Напротив, ставете маска и пешачете додека не почнал полицискиот час. Кога почнаа мерките против пандемијата и Светската здравствена организација советуваше дека  возрасните треба да вежбаат дома околу 30 минути дневно, а децата околу еден час.

Извор: Вашингтон пост

Фото: adiva.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7