ММС

Објавено на: 04/14/20 8:40 AM

Индија: Близначињата Ковид и Корона, сепак, ќе добијат други имиња

Близнаците што се родија во индискиот град Рејпур на 24 март, а за кои светските агенции пренесоа дека ги добиле имињата Ковид и Корона, сепак, ќе добијат други имиња.

Родителите на двете бебиња за „Индија тодеј“ сега соопштија дека прво им се причинил како добар предлогот на персоналот на болницата каде што се родени близнаињата да се викаат Ковид и Корона, за, на некој начин, тоа да биде сведоштво на тешкото време во кое се родиле.

Сепак, по три дена откако децата беа однесени од болницата, родителите одлучија да не го почитуваат тој предлог на болничкиот персонал, бидејќи не сакаат нивните деца да имаат имиња по болеста, пишува „Индија тодеј“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1