ММС

Објавено на: 04/13/20 10:47 PM

Сакам да си фатам дечко, се пожалила Селена Гомез на другарките во порака, па ја претвори во хитот „Boyfriend”

„Кажете ми да ли остана некој саглам, постојано наидувам на погрешни“, вака пее младата  Селена Гомез во новиот спот за песната  “Boyfriend”.  И овој пат приказната за принцот не помина без жаби, кои се слушаат на крајот од спотот. Додека  пее како бара љубов и дечко, Селена си има работа со жаби, обожавателите мислат дека треба да бакне  прилчно жаби за да дојде до принцот.

Дека спотот за принцови и жаби и се допадна на публиката потврдуваат и повеќе од 15 милиона прегледа на Јутјуб за неполни три дена од излегувањето. Пејачката и актерка откри дека текстот е напишан врз основа на пораките кои ги пракала на другарките.

„Животот е супер, сакам да си фатам дечко“, бил текстот од пораката, која завршила во нејзиниот нов хит. „Сакам дечко, но не ми треба за да бидам среќна“, порачала таа.

Песната е делукс верзија на издането „Rare“, од третиот студиски албум кој излезе во јануари.

Фото: insider.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.