ММС

Објавено на: 04/13/20 12:07 PM

„ 3Д Принт“ апелира: Донирајте за да ги заштитиме здравствените работници, МВР и АРМ, кои не чуваат и се грижат за нас

Со цел да го финишираме проектот со бесплатни заштитни визири за сите здравствени работници од  МВР, АРМ и останатите изложени јавни сервиси, повторно, се надевам и последен пат, апелираме за помош, потребна ни е финансиска поддршка, велат од 3DД Принт“ , кои извесен период машините ги наменија за производство на бесплатни заштитни маски, визири.

-Од 3Д принт се префрламе на масовно машинско производство на машина за дувана пластика, за што беше дизајниран и произведен калап, во рекордно време, со капацитет од неколку илјади парчиња на ден, со крајна цел да произведеме околу 35.000 со што ќе ги задоволиме овие потреби, за многу кратко време.  Овој пат ни е потребна нешто посериозна сума, па затоа овој повик ќе го оставиме отворен, секоја сума која ќе остане по реализација на визирите, ќе биде употребена за донирање на останата заштитна опрема како заштитни маски, ракавици, велат од  „ 3DД Принт“.

Донациите може да ги уплатите на сметка:

АСМЛ Скопје

Сметка: 320100024402679

Централна кооперативна банка

Даночен број: 4032014526408


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1