ММС

Објавено на: 04/13/20 11:40 AM

Како да постапите во случај на казнен налог за прекршување на полицискиот час?

Штипјанец отишол да фрли ѓубре, добил казнен налог од 2000 евра за прекршување на прописите и наредбите со цел сузбвивање и спречување на Ковид – 19. Во друг случај, граѓанин бил фатен како спие во својот автомобил за време на полициски час. Се правдал дека по кавгата со сопругата бил исфрлен од домот, немал каде и затоа авотмобилот му е привремен дом. Ова се илустративни примери, кои завршиле со казнени налози. Коалицијата Сите за правино судење на платформата на Цивика мобилитас, објави иконографик со објаснувања.
„Во случај да постапите спротивно на прописите, односно наредбите на надлежните органи, издадени со цел сузбивање и спречување на ширењето на КОВИД -19 вирусот, државата, преку Јавното обвинителство, против Вас ќе поднесе казнен налог со цел да го санкционира таквото постапување.Повеќе информации за постапката по казнен налог, можете да најдете на следниот инфографик, пишува Коалицијата. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1