ММС

Објавено на: 04/12/20 10:33 PM

Тој стар а таа млада или обратно- Која разлика во години треба да имаат партнерите за идеална врска или брак

Уште одамна долготрајноста на љубовните врски или бракот се поврзуваше со разликата во години меѓу партнерите. Дека не е само теорија сметаат и стручњаците. На оваа тема постојат две најчести стереотипи: Постар маж и многу помлада жена, и обратно.

Првата комбинација е честа, посебно во нашето општество, а овие жени се нарекуваат „криза на средни години“ или „трофејни сопруги“. Последните години,пак, се почеста е  втората комбинација, која исто така наидува на осудување, па повозрасните дами се нарекуваат „кугуарки“.  Она што ги поврзува и едните и другите парови се парите, како една од главните причини за влегување во ваква врска со многу повозрасен партнер, пишува “Your  Tango”.

А какви се шансите врските и браковите во кои постои голема разлика во годините да потраат? Еве што вели науката:

Истражувачите  Ендру Френсис-Тен од Националниот  универзитет во Сингапур и Хуго М. Мијалон од универзитетот „ Емори“ во Атланта  спровеле студија за траење на браковите, која открила дека што е поголема разликата во години, толку се и поголеми шансите за раскинување на врската. Во некои случаи биле дури 30 отсто поголеми, од партнерите на иста возраст.

Истражувањето е спроведено на над 3.000 нововенчани и штотуку разведени мажи и жени. Со анализа на нивните одговори, истражувачите потврдиле дека  што е поголема разликата во години меѓу  брачните парови, толку се поголеми и шансите за развод.  Поточно, ако разликата меѓу партнерите е пет, во корист на мажот, шансите за раскинување или развод се 18 посто. Паровите кои се со 10 години разлика, можноста за развод е 39 отсто. Овој процент кај паровите со 20 години разлика е дури 95 посто. Оние, пак, чија разлика е дури 30 години, шансите за прекин се 172 посто!

Кој има добри изгледи за доготрајна врска?

Партнерите кои се на иста возраст, (година плус или минус) имаат добри изгледи да останат долго во брак – само три отсто од нив се разделува, се вели во студијата.  Секако, годините не се единствен, ниту најважен фактор кој влијае на долготрајноста на врската. Научниците навеле и други битни  како долго познанство пред брак, финансиска ситуација, сличности и разлика во ставови…

Фото: net.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.