ММС

Објавено на: 04/12/20 4:25 PM

Да се молиме преку музиката за надеж, рече Бочели пред вечерашниот концерт во катедралата Дуомо

Вечерва со почеток во 19 часот италијанскиот тенор Андреа Бочели ќе одржи концерт во живо во празната катедрала Дуомо во Милано. Концертот,кој ќе биде без публика, е насловен „Музика за надеж“ и претставува негова  порака на љубов, надеж и поддршка за лекување на заболените од Корона вирусот.

– Нема тоа да биде концерт, туку прилика сите заедно да се молиме преку музиката, пеењето може да биде еден вид молитва  тоа е мојата намера, мојата радост- да се молиме заедно, изјавил тој на неколку часа пред концертот за италијанските медиуми.

Ариите кои сигурно ќе звучат поинаку и многу повеќе потресно од било кој негов настап на светските сцени  во празната катедрала, а ќе бидат изведени  „Аве Мариа“ Бах/ Гоунод, „Санта Мариа“- Масканји, „Домине Деус“- Росини, која се смета за христијанска химна, е само дел  само дел од репертоарот кој е планиран за вечерва.

Љубителите кои низ музика, кои заедно со него сакаат да се молат за надеж концертот може да го проследат на овој линк:

Фото: corrieredellumbria.corr.it


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.