ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/10/20 1:14 PM

#Седидома: На планетата и се качивме на глава, вели пејачката Ленче Кукиќ

Фолк пејачката Ленче Кукиќ со сопругот Горан и синот Иван во живо на социјалните мрежи  на сите во самоизолација им прават домашен концерт. Таа, како и сте ние, седи дома и освен што пее, вели си наоѓа време за многу нешта кои се работат низ дома. Но, најмногу од се е да размислува зошто низ сето ова мора да поминуваме.

-Ситуацијава што се случува кај нас и во светот за мене е едно општо предупредување дека на оваа земјина топка чија е сечиј дом и се качивме на глава како што велат старите.. Лично мене и на моето семејство заштитата да седиме дома не ми пречи,туку напротив една поука како треба да живее едно семејство.. Во тоа кратко време заклучивме многу работи, дека семејството и здравјето се на прво место.. Моја општа констатација е:Дали  свативме дека  љубовта е таа која ни ја дава енергијата воопшто во секое поле на опстојување, вели Ленче.

Таа смета дека во овие моменти го учиме најважниот час во животот,  како, после ова, ќе се однесуваме општо сите во целиот свет.

-Имаме важна задача, додека седиме дома  за да се заштитиме од оваа ситуација, имаме време и да размислиме за поубаво утре со добра мисла полна со љубов. Затоа седи дома за подобро утре, вели пејачката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1