Трагедија во БиХ: Четворица млади синоќа загинаа во сообраќајка кај Ливно
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/10/20 11:28 AM

Трагедија во БиХ: Четворица млади синоќа загинаа во сообраќајка кај Ливно

Во тешка сообраќајна несреќа синоќа во Босна и Херцеговина загинаа две момчиња и две девојки, сите на возраст помеѓу 19 и 21 години. Сообраќајката се случила во 23.15 часот, за време на полицискиот час поради коронавирусот, на патот Ливно – Босанско Грахово кај селото Ковачиќ. Се судриле „голф“ и „ланд ровер“.

Возачот и совозачот во „голфот“починале на местото на несреќата, а другите двајца нивни сопатници нешто подоцна починале во болницата во Ливно. Со повреди во болница завршиле возачот и совозачот од другото возило.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7