ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/4/18 1:58 PM

Серена Вилијамс се откажа од Ролан Гарос

 

Непосредно пред почетокот на осминафиналниот дуел против Марија Шарапова, тенисерката Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос.

Триесет и шестгодишната спортистка најави дека причината за ова ќе биде објавена на прес конференција, но во меѓувреме некои спортски медиуми објавија дека таа имала повреда на раката.

Трикратната освојувачка на Отвореното првенство на Франција неодамна се врати на тениските терени, откако пред скоро една година стана мајка. И покрај долгата пауза, таа играше во добра форма во Париз и во првите три кола испушти само еден сет.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1