Вечно неутрелен: Лихтенштајн последен пат војуваше пред 150 години – заминале 80 војници, се вратиле – 81!
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/10/20 9:27 AM

Вечно неутрелен: Лихтенштајн последен пат војуваше пред 150 години – заминале 80 војници, се вратиле – 81!

Малото Кнежевство Лихтенштајн, сместено меѓу Австрија и Швајцарија, последен пат војувало во 1866 година, кога дошло до судир меѓу Австрија и Прусија. На барање на Австрија, кнезот на Лихтенштајн испратил 80 војници да го бранат алпскиот планински превој Стелвио на австриско-италијанската граница од евентуален италијански напад, а 20 војнци оставил да го бранат Кнежевството.

Кога војната завршила, војската била свечено дочекана во малото кнежевство. Заминале 80 војници, а се вратиле 81! Со нив дошол и еден весел италијански офицер за врска. Тогаш Лихтенштајн ја распушта војската и прогласува неутралност, која до денес се почитува.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7