ММС

Објавено на: 04/10/20 9:23 AM

Продажбата на тоалет-хартија во САД се зголемила за 845 отсто!

Иако тоалет-хартијата нема никаква врска со глобалната пандемија на коронавирусот, во изминатите седмици овој артикл масовно се купува од милиони луѓе низ целиот свет, а во многу маркети тој  тешко се наоѓа. Веројатно главната причина е патолошката склоност на луѓето да трупаат работи што би можеле да им бидат потребни за време на криза.

Според податоците до кои дошла фирмата „Ен си солушн“, продажбата на тоалет-хартија во САД на 11 и на 12 март, кога во земјата беше најавуван карантин, пораснала дури за 845 отсто.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.