ММС

Коронавирус: Бројот на заболените во светот надмина 1,5 милион, на починатите 88.000, на излекуваните – 330.000

Според последните податоци од синоќа, вкупниот број на потврдени случаи со коронавирус во светот достигна до околу 1.510.000, од кои починати се 88.000, а излекувани 330.000 луѓе.

Во САД има најмногу заболени – 425.000, во Шпанија речиси 150.000, во Италија 140.000, во Франција 115.000, Германија – 112.000, Кина – 82.000, Иран – 65.000, Велика Британија – 61.000…

Иако дневно во Италија бројот на починати опаѓа, таа уште е прва по бројот на жртви на Ковид-19 – речиси 18.000. По неа е Шпанија со речиси 15.000, па САД, каде што само вчера починаа 1.800 луѓе, со 14.500, а во Франција досега има починато околу 11.000 заболени.

На Балканот, водечка е Турција со 38.226 заразени и 812 починати, Во Грција има околу 2.000 заболени и повеќе од 80 починати, во Србија, каде што вчера беше објавено дека и синот на претседателот Вучиќ е позитивен на коронавирусот, има реистрирано 2.666 заболени и 65 починати, во Босна и Херцеговина заразени се 804, а починати 34 луѓе, во Хрватска бројот на заболени е 1.343, а на починатите 19, во Македонија до вчера беа регистрирани 617 заболени и 30 починати…