ММС

Политиката ставете ја во карантин, му порача претседателот на СЗО на Трамп

Директорот на  Светската здравстевена организација Тедрос Адхан Гебрејесус побара пандемијата од  коронавирусот да не се политизира и предупреди дека се приближуваме на бројот од 100.000 умрени.  Откако американскиот  председателот Доналд Трамп ја оптужи агенцијата на Обединетите нации дека е премногу блиска со Кина и дека лоше управува со  пандемијата, Гебрејесус  на онлајн конференцијата  за новинари орача дека нема потреба Ковид-19 да се користи за собирање на политички поени.

„Имате многу други начини да докажете“, рекол Гебрејесус и повикал на  „избегнување на  игра со оган“.

-Ве молам, политизирањето на ковид ставете го во карантин“, рекол претседателот на СЗО, пренесуваат агенциите.

Трамп вчера екол дека СЗО е преблиска со  Пекинг и дека работи во корист на Кина.

„Се чини дека се иде во корист на Кинае, тоа е неприфатливо“, изјавил Трамп и запретил дека ќе го запре американското финансирање на СЗО.

Гебрејесус  се заблагодарил н сад за „великодушната поддршка“ во борба против пандемијата, но и го повикал светот да ги здружи напорите.

„САД и Кина треба да се соединат во борбата против овој опасен непријател. Да не се играме со оган пред вирусот кој експоненцијално напредува, а бројот на починати во светот се приближува на  100.000“, рекол Гебрејесус.

Извор: danas.rs

Фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT