ММС

Синот на српскиот претседател Вучиќ заразен со коронавирус

Данило Вучиќ, синот на претседателот на Србија, е позитивен на новиот коронавирус, соопшти Вучиќ на својот официјален инстаграм профил.

– Кога сето ова започна, Данило ми кажа дека откажувањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква – што е примен на инфективната клиника.Сине, ќе победиш. Те сака татко ти, сите те сакаме, напиша Вучиќ.

Неодамна на пресконференција Вучиќ изјави дека неговите деца волонтираат откако е прогласена епидемијата – носат лекови и основни намирници до домовите на пензионерите кои имаат потреба.
Премиерката Брнабиќ на гостување во телевизиска емисија зборуваше за децата на претседателот и покажа слика на која се гледа дека Данило и Милица им помагаат на постарите сограѓани.