ММС

Објавено на: 04/8/20 1:34 PM

Неизвесна иднина: “Крај на глобализацијата каква што ја познаваме”

Речиси половина од фирмите поради коронавирусот ќе ги променат своите добавувачи, што ќе доведе до „крај на глобализацијата каква што ја познаваме“, пишува германскиот весник Welt.

Според весникот, кој се повикува на резултати од истражувања, кои ги спровела консултантската компанија Ernst & Young во компании низ целиот свет, особено впечатлив пример се заштитните маски.

Во таа сфера, скоро цел свет денес зависи од Кина, и многу политичари и економисти апелираа да се преземе нешто како би се променила таа ситуација.

Повеќето бизниси, посочуваат новинарите од Welt, веќе го менуваат ланецот на испорака. Тоа е карактеристично како за медицината, така и за скоро сите други сфери на индустријата. Како резултат на тоа, во наредните години ќе дојде до делумно отстапување од глобализацијата, што ќе доведе до раст на инфлацијата, веруваат авторите на статијата.

За да го ублажат ваквиот развој на случувања, производителите мора поактивно да ја имплементираат автоматизацијата, советуваат експертите.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.