ММС

Во Париз од денес забрането вежбање преку ден

Властите во Париз забранија вежбање надвор во текот на денот со оглед на тоа дека бројот на починати од коронавирусот продолжи да расте, објави BBC.

Забраната се однесува на периодот помеѓу 10 наутро и 7 часот навечер, а стапува на сила денес (среда 8 април).

Градоначалникот на Париз, Ан Идалго и шефот на полицијата изјавија дека луѓето ќе можат да вежбаат кога улиците се најмирни.

Бројот на починати во Париз се искачи над 10.000, што е четврто место по Италија, Шпанија и САД.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.