ММС

Спречете првут и опаѓање на косата со природни препарати

Претходните месеци, временските прилики не беа во прилог на нашата коса. На неа лошо влијаат ветерот, смогот и студот. Ако мислите дека таа ќе биде поштедена во пролетта, не сте во право.

Наскоро на сцена стапуваат сончевите зраци, што исто така негативно влијаат на косата. Затоа е важно косата да ја освежиме, нахраниме и подготвиме за сè што следи. За тоа се најдобри природните препарати. За да знаете кој да го изберете, еве еден краток водич:

На пример, кантарионот позитивно делува на кожата на главата, ја регулира секрецијата на маснотии, а ако го помешате со маслиново масло ќе се спречи опаѓање на косата. Ако веќе е склона на опаѓање, пробајте чичково масло кое го зајакнува коренот. Воедно, ја смирува иритираната кожа на главата, го отстранува првутот, ги регенерира испуканите врвови, ја потикнува циркулацијата и ревитализацијата на кожата на главата.

Против првутот борете се и со помош на облоги од масло на диви ружи. Ова масло има блага pH вредност поради што е идеално за нега на сува и хемиски оштетена коса. Сувите врвови ќе се опорават и со помош на масло од семе од грозје, кое е богато со витамин Е и ја потикнува циркулацијата. Во исто време, со масло од рузмарин негувајте ја мрсната коса.

Рицинусово масло ја регенерира кожата на главата, делува смирувачки, на косата и кожата и обезбедува влажност. Се верува дека кога редовно ја триете, можете да потикнете раст на нови влакна.

Масло од лаванда пак користете ако забележите било какво пореметување поврзано со кожата и косата.

Извор: denar.mk