ММС

Четири пати повеќе повици на Viber од почетокот на пандемијата

Viber во текот на последните недели забележал раст на бројот на испратени групни пораки за 134 проценти во однос на последната недела од јануари, а бројот на групни повици е зголемен за 370 проценти.

Таа компанија денес соопшти дека е зголемен просечниот број на прегледи на “Заедницата”, за 78 проценти.

Бројот на нови дневни корисници на Viber во март пораснал за 18 проценти, а просечното траење на повикот е 35 проценти подолго.

Во апликацијата се воведени и промени меѓу кои бројот на учесници во групни аудио повици е зголемен од пет на 20 лица истовремено.

Исто така, воведени се и нови стикери “Остани дома”.

Извор: denar.mk