Бочварски: Мобилните тимови ќе помагаат и за време на викендот, граѓаните да останат дома
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/8/20 12:48 PM

Бочварски: Мобилните тимови ќе помагаат и за време на викендот, граѓаните да останат дома

Штипската Територијална противпожарна единица продолжува со тековно дезинфицирање на градот и станбените објекти, мобилните тимови продолжуваат со работа и во текот на викендот – општинскиот кризен штаб ќе одлучи кои маркети ќе вршат достава, соопшти денеска градоначалникот Бочварски, по завршувањето на шестиот состанок на кризниот штаб.

Штабот се координирал по повод новиот полициски час и карантинскиот викенд. Бочварски информираше дека на сограѓаните и лицата кои немаат можност да излегуваат и да се снабдат со неопходните намирници, ќе им биде помогнато.

– Мобилните тимови продолжуваат со работа, ќе добијат налози за работа и за во текот на викендот, со цел  болни, изнемоштени, стари лица и сограѓани кои не можат да излегуваат, добро е да останат дома со цел нашите тимови да им излезат во пресрет и да им помогнат при набавката на основните намирници, рече Бочварски.

Во текот на утрешниот ден општинскиот штаб ќе донесе одлука кои од маркетите кои се подготвени да работат и да доставуваат храна во текот на викендот, ќе може да ја држат оваа дејност.

– Се работи за фирми кои што ќе сакаат да вршат дејност и да работат во овие изменети услови, доколку има такви. Ќе информираме навреме за компаниите и за телефонските броеви од оние кои ќе работат. Аптеките продолжуваат да работат по стариот режим на работа, рече Бочварски.

Бочварски напомена дека Црвениот крст следната недела ќе организира крводарителска акција, на која сите заинтересирани граѓани ќе можат да даруваат крв.

Апелираше до граѓаните да бидат разумни и да ги почитуваат препораките, не поради санкциите туку поради своето здравје и здравјето на своите семејства, а воедно и на останатите граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7